Салихамиџиќ потврди: Многу сме среќни, се договоривме со Упамекано

by
0 минути читање

Баерн Минхен ја доби трката за дефанзивецот на Лајпциг, Дајот Упамекано за кој интерес имаше и од премиерлигашките гиганти.

Салихамиџиќ потврди дека тие се договориле со фудбалерот, а договорот наскоро ќе биде потпишан.

„Можам да потврдам дека постигнавме договор со Дајот Упамекано, многу сме среќни“, изјави Салихамиџиќ за Билд.

Баерн Минхен за овој трансфер ќе му плати на Лајпциг 42,5 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×