196
Ливерпул си замина од „Ајброкс“ со убедлива победа од 1-7 и три бода со кои „црвените“ направија голем исчекор кон нок-аут фазата во Лигата на шампиони, но мечот ќе биде запаметен по подвигот на Мохамед Салах.
Египјанецот натпреварот го започна од клупата за резерви, влезе во второто полувреме и за кратко се запиша во листата на стрелците.
Му беа потребни само 6 минути и 12 секунди за три пати да ја тресе мрежата на Ренџерс и да го постигна најбрзиот хет-трик во историјата на Лигата на шампиони.