„Салах треба да го мрази Реал Мадрид, а не да сака да оди таму“

by
1 минути читање

Салах полека станува главна тема во медиумите откако го даде интервјуто за „АС“, се верува дека египетскиот фудбалер сака трансфер во Реал Мадрид или Барселона.

Алдриџ не е изненаден од гласините, напротив, смета дека тоа е нормално, но не е нормално Салах да сака трансфер во Реал Мадрид.

„Доколку сте играч со квалитетите на Салах, постојано ќе бидете поврзувани со Реал Мадрид, Барселона и други такви клубови. Хари Кејн ќе биде следниот кога Тотнем ќе падне. Едноставно така е“, вели Алдриџ.

„Садио Мане исто така беше поврзуван. Зборуваме за едни од најдобрите играчи во светот. Мане, Салах, тие секогаш ќе бидат поврзувани со Реал Мадрид“.

„Лично, мислам дека по тоа што му се случи во финалето од Лигата на шампионите и начинот на кој Рамос го третираше, јас би го мразел Реал Мадрид по тој инцидент. Не би сакал да одам таму, не би сакал да го напуштам Ливерпул“.

„Фудбалерите во денешно време имаат многу сила и доколку сакаат да заминат, ќе заминат. Крај на приказната“.

Во тоа финале од Лигата на шампионите кое го доби Реал Мадрид, Рамос го повреди Салах кој мораше предвреме да го напушти мечот. Тој и одвај настапи на некој меч на Светското првенство за Египет поради повредата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×