Салах: Никогаш не очекував дека ќе го постигнам тоа што го постигнав, секогаш одев чекор по чекор

by
2 минути читање

Салах стана најдобриот фудбалер во историјата на Египет, ја освои Лигата на шампионите, Премиерлигата… тој вели дека како мал не ни можел да сонува за тоа што го постигнал, но секогаш си поставувал цели.

„Никогаш не сум очекувал да бидам тука каде што сега сум. Тешко е да очекуваш нешто вакво кога си млад. Одев чекор по чекор. Кога бев во Египет тренирав само за да играм во Европа. Потоа отидов во Базел и реков не, сакам да одам во поголем клуб. Базел е добар клуб, но сакав да бидам во поголем клуб. Секогаш одев чекор по чекор. Кога играв за Базел сакав да бидам најдобар играч во нивната историја. Правите еден чекор, потоа одите на друг“, вели Салах.

„Треба да жртвувате многу работи и да му го посветите целиот живот на фудбалот за да успеете. Многу е тешко бидејќи го жртвувате вашиот живот за фудбалот. И промената на менталитетот е една од потешките работи. Тоа ме чинеше енергија и време. На почетокот е тешко, но потоа се навикнувате“.

„Ако не бев фудбалер не би знаел да кажам што би бил. Играм фудбал од 10-11 години. Целиот мој живот е посветен на тоа да бидам фудбалер. Навистина не би знаел што би бил ако не сум ова што сум. Дури не сум ни помислил на такво нешто“.

Салах е свесен дека неговиот успех на фудбалската сцена е мотивација за многу деца во Египет.

„Да, јас сакав да бидам фудбалер кога бев млад. Го сакав тоа многу. Сега луѓето гледаат дека некој од нив, некој од Египет успеал да стане познат, да го достигне тоа ниво. Знам дека сега многу татковци во Египет сакаат нивните синови да бидат фудбалери. Но јас би рекол дека не треба да се гледа така само кон фудбалот, има многу други работи во кои луѓето можат да бидат добри, пример доктор или било што друго, секогаш можете да бидете на повисоко ниво“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×