Салах нема да го гледа мечот помеѓу Челси и Манчестер Сити: Имам други планови ќе си играм со ќеркичката

by
1 минути читање

„Црвенитe“ со 4-0 славеа против Кристал Палас и направија огромен чекор кон трофејот од Премиерлигата кој го чекаат 30 години.

Ливерпул веќе утре може да стане шампион на Англија доколку Манчестер Сити не го победи Челси, па Мохамед Салах беше запрашан какво е чувството.

„Се чувствувам одлично. Кога потпишав за Ливерпул кажав дека сака да ја освојам Премиерлигата за овој клуб, за овој град. Долги години го немаат подигнато пехарот. Минатата сезона бевме блиску, но Манчестер Сити одигра на врвно ниво до крајот и заслужено стигна до титулата. Но сега е наше време да ја освоиме“ – вели Египјанецот кој вечерва беше стрелец на еден гол.

Запрашан дали утре ќе ја гледа пресметката на Стемфорд Бриџ, тој рече: „Имам други планови, ќе си играм со ќеркичката“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани