Салах не е среќен во Ливерпул, ќе биде продаден!?

by
1 минути читање

28-годишниот Салах и јавно кажа дека бил разочаран кога не му била дадена капитенската лента за дуелот од Лигата на шампионите против Митјиланд. Според Абутрика тоа е само еден од моментите поради кој Салах не е среќен.

„Му се јавив на Салах и зборувавме за неговата ситуација во Ливерпул, тој е загрижен, но тоа никогаш нема да се одрази на неговите перформанси на теренот“, вели Абутрика.

„Знам дека Салах не е среќен во Ливерпул, тој ми ги кажа причините поради кои не е среќен, но тие се тајна, не можам јавно да ги споделам. Да, една од нив е тоа што Салах не беше капитен против Митјиланд“.

„Доколку Салах играше во Реал Мадрид или Барселона и беше на истото ниво како и во Ливерпул, ќе ја добиеше Златната топка, и нормално е за шпанските весници да го поврзуваат со Реал и Барса“.

„Според мене, Ливерпул ја разгледува можноста да го продаде Салах од економски причини“.

„Јас немам влијание на одлуките на Салах, тој ми е пријател и брат, но доволно е паметен да знае што е најдобро за него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×