Салах направи необичен потег на полувремето па им се прaвдаше на новинарите

by
1 минути читање

Ливерпул синоќа
со 4-2 го совлада Њукасл, Мохамед Салах постигна два гола и стигна до 150
погодоци во дресот на „црвените“ во Премиерлигата.

Египјанецот во
првиот дел промаши пенал, и на полувремето реши да ги замени копачките,
со новите во продолжението два пати ја тресеше мрежата.

По крајот на
натпреварот, напаѓачот се правдаше дека не се работи за суеверие, едноставно сакал
да си ја разбистри главата.

„Да, ги заменив
копачките. Со тие претходните, со кои го промашив пеналот, тренирав со нив
вчера. Не се работи за суеверие, играм со многу копачки. Едноставно сметав дека
треба да си ја разбистрам главата, па затоа ги променив“
– вели Салах.

Џејми Карагер,
кој го правеше интервјуто потоа се пошегува дека копачките биле виновни за
промашениот пенал, а Мо Салах одговори: „Не, едноставно не сакав да истрчам на
теренот во второто полувреме и да мислам, „промашив со овие копачки“. Ги
променив копачките, не сакав тоа да ми се врти во глава, сакав целиот фокус да
биде на натпреварот“.

Тој потоа додаде:
„Промашивме многу во првите 45 минути, јас не реализирав пенал. На полувремето
си реков, „Не сакаш да заминеш во репрезентацијата со ваква партија“. Па морав
да истапам, да направам разлика, и успеав во тоа“
.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×