Салах „изгоре“ во желбата да погоди и се посрамоти, Барнли е првиот тим кој освои бод на Енфилд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул
попладнево одигра 1-1 со Барнли, избраниците на Дајч се првиот тим кој успеа да
го преживее Енфилд оваа сезона. „Црвените“ беа подобар противник, креираа
доволно прилики за победа, но на крајот мораа да се помират со реми.

Салах имаше две
големи шанси да го отвори резултатот но голманот Поуп се истакна и го фрустрираше
Египјанецот. Англичанецот сепак но не можеше ништо да стори кога Робертсон со
глава погоди во 34. минута.

На стартот од
вториот дел, Фирмино ја погоди стативата а Салах „изгоре“ во желбата да
постигне гол и се посрамоти од убава позиција.

Казната стигна во
69. минута, Џеј Родригез реализираше за 1-1 па Ливерпул повеќе нема перфектен рекорд на домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×