Кевин Де Брујн денеска ќе го одигра своето последно финале во дресот на Манчестер Сити, по што се очекува наскоро и официјално да ја соопшти одлуката за следниот чекор во кариерата.
Во изминатиот период белгискиот плејмејкер се најде на радарот и на Ливерпул, а поддршка за евентуален трансфер на „Енфилд“ пристигна и од првата ѕвезда на „црвените“, Мохамед Салах.
„Му честитам за сè што постигна во кариерата. Во Сити одигра феноменално и остави длабока трага во развојот на Премиер лигата. Му посакувам многу успех во иднина. А, зошто да не? Имаме место за него овде“, со насмевка прокоментира Салах.
Сепак, според последните информации од фудбалската јавност, како најсериозен кандидат за потписот на Де Брујне се издвојува италијанскиот Наполи, клуб кој е подготвен да го доведе во центарот на својот нов проект.
И покрај бројните понуди од далечниот Исток, конкретно од Саудиска Арабија и САД, искусниот Белгиец ги одбил сите со јасна порака дека сè уште се чувствува подготвен да игра на врвно европско ниво.