Салах доби предлог од Саудиска Арабија тежок 180 милиони евра, неговиот агент веднаш испрати порака

by
1 минути читање

Мохамд Салах добил
богат предлог од Саудиска Арабија, ѕвездата на Ливерпул има можност да им се
придружи на Карим Бензема, Нголо Канте, Фабињо и Жота во Ал Итихад.

Се шпекулира дека
клубот од Џеда е подготвен на Ливерпул да му плати трансфер сума од 50 милиони
фунти (околу 60 милиони евра), додека за Египјанецот е подготвен двегодишен
договор тежок околу 155 милиони фунти (околу 180 милиони евра).

По ваквите
информации, веднаш се огласи агентот на Мохамед Салах, кој порача дека
напаѓачот останува на Енфилд.

„Доколку размислувавме
за заминување од Ливерпул, немаше да ставиме потпис на нов договор минатото
лето“
– вели Рами Абас.

„Мохамед во мислите го има само Ливерпул“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани