Шаќири: Во главата ни е само победа, па дури и на пенали

by
0 минути читање

Шкендија утре со почеток од 20 часот на Арената „Тодор Проески“ го пречекува АИК. Тетовскиот тим со одличен резултат се врати во Скопје, а сега со поддршка од своите навивачи треба да победи.

Правилото за гол во гости е укинато, па во Скопје мора да има победник.

„Очекувам поразличен меч затоа што мора да има победник. Нерешениот резултат од Шведска не ни значи ништо, во глава ни е само победа, па дури и да биде на пенали. Го познавам ривалот и сметам дека може да избориме место во плејофот“, изјави Шаќири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани