Шакира не му го прости неверството и се раздели со Пике

by
1 минути читање

Пред неколку
дена, медиумите од Шпанија пренесоа дека врската помеѓу Пике и Шакира е на тенок
мраз откако колумбиската пејачка го фатила дефанзивецот на Барселона со друга
девојка.

Шакира очигледно
нема намера да му го прости неверството, па попладнево пристигна информација
дека се разделуваат по 12 години врска.

„Жалиме што
можеме да потврдиме дека се разведуваме. За доброто на нашите деца, кои ни се
најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност. Ви благодариме
за разбирањето“
– гласи известувањето.

Медиумите од Шпанија
претходно пренесоа дека Жерард Пике со недели живее сам во својот стан и често
се забавува до раните утрински часови со соиграчот Рики Пуџ во неколку познати
ноќни клубови во Барселона и често може да се види во друштво со девојки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×