Сака со 21 година ќе стане еден од најплатените во историјата на Арсенал!

by
1 минути читање

Арсенал и Букајо Сака подолго време се во преговори за продолжување на
соработката, и последните информации велат дека наскоро ќе пристигне официјална потврда откако двете страни начелно си подале
рака уште минатиот месец.

Се шпекулира дека 21 годишниот Англичанец ќе има загарантирана плата од 10
милиони фунти по сезона, која со бонуси, премии и други исплати може да се искачи
на 15 милиони фунти, односно 300.000 фунти неделно.

Ваквите бројки значат четири пати поголема плата од онаа што Букајо Сака ја заработува во моментов (околу 70.000 фунти неделно) и момчето ќе стане најплатениот играч во овој состав на
Арсенал и еден од најплатените во историјата на клубот од Северен Лондон (Месут Озил имаше примања од 350.000 фунти неделно).


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани