Шахтар со покер против Базел закажа дуел со Интер, Севиља спречи петти дуел помеѓу Волвс и Јунајтед (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Познати се паровите од полуфиналето во Лига Европа, Интер ќе се сретне со Шахтар а Манчестер јунајтед ќе игра против Севиља.

Вечерва, „рударите“ со убедливи 4-1 триумфираа над Базел. Резултатот беше отворен веќе во 2. минута, по еден корнер, Мораеш погоди за 1-0. 

Дваесет минути подоцна, Таисон донесе 2-0. Бразилецот шутна од врвот на шеснаесетникот, топката закачи еден дефанзивец на Базел и заврши во мрежата.

Клубот од Швајцарија во продолжението од мечот се отвори, нападна, па тоа остави простор за брзите играчи на Шахтар. Таисон во 75. минута изнуди пенал кој Алан Патрик го реализираше за 3-0 а во финишот од мечот, Додо реализираше за 4-0. Во судиското надополнување, Ван Волфсвинкел постигнал почесен гол за Базел за конечни 4-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани