Шахтар ја почувствува силата на тандемот Лукаку – Лаутаро, Интер моќно до финалето! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер многу полесно од очекувањата дојде до триумф над Шахтар, тимот на Конте одигра перфектна партија, во текот на целиот меч го контролираше натпреварот, имаше цврста одбрана и ефикасен напад. Украинскиот тим не можеше да парира.

Лаутаро Мартинез по подолго време го покажа својот голем и раскошен талент, тандемот со Лукаку беше на нивото од првиот дел од сезоната, а кога е така тешко им се пишува на противниците.

Резултатот беше отворен во 19. минута кога по асистенција од Барела, Лаутаро постигна гол за водство на Интер од 1-0.

На втор погодок се чекаше до 64. минута кога Брозовиќ убаво нафрли од корнер, а Д’Амброзио со глава реализираше за 2-0.

Потоа за десет минути беа постигнати три голови, во 74. минута по додавање од Лукаку, Мартинез погоди уште еднаш за убедливи 3-0, веќе беше јасно кој е победникот на овој дуел.

Четири минути подоцна Лаутаро Мартинез возврати на Лукаку за асистенцијата, Белгиецот погоди 4-0, а тој во 84. минута ги постави и конечните 5-0.

Во петочното финале Интер ќе игра со Севиља која синоќа го победи Манчестер јунајтед со 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×