На навивачите ќе
им биде дозволено враќање на трибините во предвидениот рестарт на актуелната
сезона во Русија, што ќе се случи идниот месец, меѓутоа поради пандемијата од
коронавирусот, дозволено ќе биде само 10% исполнетост на стадионите од
капацитетите на истите.
Фудбалските
власти во Русија дадоа зелено светло за лимитирана бројка навивачи на
стадионите, меѓутоа ограничувањето на бројката е со цел да се запази
социјалната дистанца, едно од главните правила во медицинскиот протокол ширум
светот поради Ковид-19.
„Обете страни,
фудбалерите и навивачите им недостасуваат оние емоции за време на натпреварите,
како и звуците од трибините, наскоро сево ова ќе се врати“ објави
потпретседателот на руската влада, Дмитри Чернишенко.
Од руската
Премиерлига претходно објавија дека натпреварите ќе продолжат почнувајќи од 21
јуни по тримесечна пауза поради пандемијата, а во најсилната дивизија од тој
шампионат Зенит (50) е прв на табелата на 12 кола до крајот, следат Локомотив
Москва и Краснодар со по 41 бод.