Фудбалер во Ла Лига загуби свест по жесток судир

by Стефан
1 минути читање

Расинг Сантандер и Алавес одиграа возбудлив натпревар во шпанската Ла Лига, кој на крајот им припадна на домаќините со 2:1.

Алавес прв стигна до предност во 18. минута со голот на Коски, но Расинг успеа да направи пресврт со два гола на Забири.

Сепак, натпреварот остана во сенка на непријатна сцена во самиот финиш. Младиот напаѓач на Алавес, Аитор Манас, имаше жесток судир со глава со Хорхе Салинас, по што веднаш беше јасно дека ситуацијата е сериозна.

Манас се обиде да стане, но очигледно беше дека е дезориентиран и не знае каде се наоѓа. Соиграчите и фудбалерите на противничкиот тим веднаш реагираа и му помогнаа повторно да легне на тревникот.

По укажаната медицинска помош, Манас со носилки беше изнесен од теренот. Сцената предизвика голема загриженост кај сите присутни на стадионот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×