Капитенот на Косово се повлече од репрезентацијата: Ќе се вратам кога ќе има нови луѓе во Сојузот!

by Стефан
1 минути читање

Капитенот на фудбалската репрезентација на Косово, Амир Рахмани донесе одлука повеќе да не настапува за националниот тим додека актуелното раководство на Фудбалскиот сојуз е на функција.

32-годишниот дефанзивец на Наполи ја завршува репрезентативната кариера по десет години, од кои последните седум ги помина како капитен. Рахмани порача дека неговото враќање во националниот тим е можно само доколку дојде до промени во раководството.

„По десет години во репрезентацијата, од кои седум како капитен, сакам да ве информирам дека повеќе нема да бидам дел од тимот додека Сојузот го водат овие луѓе“, објави Рахмани на социјалните мрежи.

Фудбалерот објасни дека одлуката е кулминација на неговото долгогодишно незадоволство од начинот на кој функционира Сојузот. Според него, репрезентативците со години укажувале на проблемите, но нивните забелешки и барања биле игнорирани.

Рахмани тврди и дека во последните повеќе од две години бил мета на координирани напади од луѓе кои, како што вели, требало да ја штитат репрезентацијата. Капитенот на Косово на крајот испрати јасна порака:

„Еден ден правдата ќе излезе на виделина.“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×