Руни за Мбапе: Никогаш не сум видел фудбалер со поголемо его, тоа што му го направи на Меси… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мбапе летово доби такво внимание од ПСЖ при потпишувањето на договорот, какво што не добил ниту еден фудбалер. Претседатели на држави му се јавуваа за да потпише нов договор.

Доби големи привилегии, но ги загуби соиграчите, сега изгледа како осамен на теренот. Додека другите имаат насмевки на лицата, кај него се гледа гнев и љубомора.

Еден од моментите од последниот натпревар е кога Мбапе со рамото го удри Меси, па Аргентинецот упати зачудувачки поглед кон својот соиграч.

Мбапе има 23 години, а на таа возраст Меси ја доби четвртата Златна топка, па Вејн Руни не може да поверува какво его има Французинот.

„На 22-23 години фудбалер да го удира така со рамото Меси… никогаш не сум видел поголемо его од тоа во мојот живот. Некој нека го потсети Мбапе, кога Меси имаше 23 години, тој имаше четири Златни топки“, изјави Руни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×