978
Во изминатите денови силно се говореше дека Руни може да го напушти Јунајтед и да се пресели во Кина каде што му нудат огромни пари.
Но, легендарниот напаѓач на Јунајтед одлучи да остане во клубот, барем до крајот на сезоната.
„И покрај интересот за мене кој беше покажан од други клубови, на кои сум им благодарен, сакам да ставам крај на шпекулациите и да кажам дека останувам во Манчестер јунајтед“ – вели Руни.
„Се надевам дека ќе можам да му помогнам на тимот во борбата на четири фронта“.
„Ова е еден возбудлив период во клубот и сакам да останам дел од него“.