Руни се враќа дома, на Гудисон Парк пристигнува и Жиру

by
1 минути читање

Евертон има моќен преоден рок, а последните гласини од Англија велат дека наскоро треба да ги комплетираат трансферите Вејн Руни и Оливие Жиру.

„Сан“ пишува дека Евертон бесплатно ќе го добие Вејн Руни но ќе продолжи да му ја дава истата плата која ја добива во Манчестер јунајтед, 250.000 фунти неделно.

Поминаа 13 години откако Вејн Руни го напушти Гудисон Парк и се пресели во Манчестер јунајтед каде со 253 гола стана најдобар стрелец на сите времиња.

Трансферот се очекува да се реализира до крајот на оваа недела, Руни со Евертон ќе потпише две годишен договор со можност за продолжување на уште една.

Од следната сезона во синиот дрес веројатно ќе игра и Оливие Жиру. Скаутот на Евертон, Карло Јакомуци ја потврдил таквата информација за италијанско радио: „Го потпишуваме Жиру за 20 милиони фунти. Тоа е добра зделка споредено со 22 милиони фунти кои ги бара Наполи за Дуван Запата“.

Се чини дека Евертон веќе ги троши парите кои треба да ги инкасира од продажбата на Ромелу Лукаку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани