Руни му одговори на Роналдо: Го стигнуваат годините, тешко му е да се справи со тоа

by
1 минути читање

Синоќа Руни доби награда на „Глоуб Сокер Авордс“ во Дубаи, а на свечената манифестација беше запрашан и што мисли за Кристијано Роналдо и неговите критики дадени во интервјуто.

„Јасно е дека Кристијано е фантастичен фудбалер, како што сум рекол и претходно, тој и Меси веројатно се играчите кои најдобро ја играле оваа игра, најдобри на сите времиња. Тоа што јас го кажав не е критика, јас реков дека годините сите нè стигнуваат, на Кристијано му е тешко да се справи со тоа“, вели Руни.

„Тој даде интервју и тоа стана глобално, малку се чудни некои од неговите коментари но сигурен сум дека Манчестер јунајтед ќе се справи со тоа кога ќе го изгледа целото интервју и ќе ги преземе мерките кои треба да ги преземе“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.



Можно е и ова да ти се допаѓа

×