Руни: Касемиро е добар играч, но не е тоа што му недостасува на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед оваа недела го договори трансферот на Касемиро, Бразилецот се сели на
Олд Трафорд во зделка вредна околу 85 милиони евра сосе бонуси.

Касемиро беше
клучна алка во средниот ред на Реал Мадрид, важи за еден од најдобрите на
својата позиција, но Вејн Руни смета дека „ѓаволите“ погрешиле.

„Касемиро е голем
шампион, сигурно ќе донесе карактер во екипата но сметам дека не му беше
потребен на Манчестер јунајтед, не е тоа што недостасува на екипата“
– пишува поранешниот
напаѓач во својата колумна за Тајмс.

„Потребни се
играчи за иднината, идеално, треба да се ангажираат фудбалери кои имаат
дваестина година, Касемиро пак е сличен на Кристијан Ериксен, се работи за
добар играч, но дали ќе помогне клубот да забележи напредок? Мислам дека Френки
де Јонг, кој беше прва желба на Ерик тен Хаг, подобро ќе се вклопи“.

„Ми се чини дека
трансферот на Касемиро се случи од никаде, и ми се чини дека е реактивно
засилување, ќе бидам изненаден доколку бил идентификуван како приоритет кога
Ерик тен Хак пристигна“.

„Се чини дека
Манчестер јунајтед го купи Касемиро само поради тоа што не можеше да го донесе
Де Јонг“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×