Руни фатен во лага, вели дека видел како Мингс го гази Ибрахимовиќ, но… (ФОТО)

by
2 минути читање

Физичките дуели помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Тајрон Мингс повеќе го привлекоа вниманието на англиската јавност отколку киксот на Манчестер јунајтед.

Се уште се зборува на таа тема, а најверојатно Ибра и Мингс ќе добијат и суспензии од ФА.

Вејн Руни по мечот даде изјави и беше фатен во лага.

„Судијата не го виде Тајрон Мингс како стапнува на главата на Златан, но јас бев таму. Тоа е погрешно. Сите сакаат да имаат дуели, но да згазиш некого по глава, тоа е погрешно и за такви работи нема место во фудбалот. Сигурен сум дека ќе има казна за Мингс. Луѓето ќе имаат различни ставови за ова, но од она што јас го видов сигурен сум дека ќе добие вистинска казна“ – вели Руни.

Вистина е дека Вејн Руни беше блиску до инцидентот, но тој не можел да го види моментот кога Мингс го гази Ибрахимовиќ бидејќи беше свртен со грб. Па изјавата на капитенот на Манчестер јунајтед изгледа смешна и предизвика сеир на твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани