11-годишниот син на Вејн Руни, Каи пред два дена стави потпис на договор со Манчестер јунајтед и ќе биде дел од академијата на клубот каде неговиот татко рушеше рекорди.
„Да, јас сум горд татко. Тој работи напорно. Беше на проба во Манчестер јунајтед и ги импресионираше тренерите. Го потпиша договорот и среќен сум за него“, вели Вејн Руни.
„Тој имаше и други опции, и други клубови го сакаа но тој одлучи да потпише за Манчестер јунајтед, па одлуката беше негова, не моја“.
Вејн Руни не беше дел од школата на Јунајтед, тој таму отиде од Евертон, но помина 13 сезона за кои постигна 253 гола на 559 натпревари и стана најдобриот стрелец во историјата на клубот рушејќи го рекордот на Боби Чарлтон.