Руи Коста му дал две причини на Енцо Фернандез зошто треба да го одбие Челси

by
1 минути читање

Енцо Фернандез е
желба на неколку клубови, се шпекулира дека Челси е подготвен да одвои 130
милиони евра за најдобриот млад фудбалер на мундијалот во Катар.

И покрај тоа што
Бенфика може да заработи многу по само шест месеци, „орлите“ сакаат да го
задржат фудбалерот барем до крајот на сезоната.

Првиот човек на клубот,
Руи Коста разговарал со Енцо Фернандез во намера да го убеди да ги одбие
„сините“. Тој му дал две причини, односно тоа што Челси минува низ нестабилен
период по промената на сопственоста, и лошите партии на почетокот од сезоната
во Премиерлигата, поради кои ризикуваат да останат без топ 4 пласман и настап
во Лигата на шампиони.

Руи Коста исто
така му ветил и соодветна финансиска компензација доколку остане лојален и ја
одработи сезоната.

Исто така се пишува дека Бенфика сака да го обнови договорот на Енцо Фернандез, да му даде
поголема плата но и да ја зголеми откупната клаузула на 150 милиони евра (одредени
извори дури пренесуваат за бројка од 200 милиони евра).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×