Стоперот од
составот на Челси, Антонио Рудигер јавно упати пофалба до новиот тренер Томас
Тухел за брзиот импакт кој го донесе неговиот сонародник кој го наследи Френк
Лампард на клупата.
Рудигер не беше
во преден план кај Лампард, меѓутоа стартуваше на последните два меча на
поранешниот тренер на Челси, а германскиот фудбалер продолжи како стартер под
водство на Тухел, тој веројатно јасно наведе дека постои голема разлика во
моментов од претходно.
„Најважното во
сиот прогрес е фактот што тој стави дознаење што сака“ изјави Рудигер по трите победи и едно реми под кормилото на Тухел.
„Тухел има
сопствен стил на игра, што е мошне позитивно за повеќето фудбалери, сево ова
воедно се рефлектираше на последните резултати, ова е мошне добар, би рекол
одличен почеток за него“ додаде тој во изјавата за „Скај Германија“
Инаку ланското
лето Рудигер на големо се поврзуваше со можна преселба во ПСЖ на позајмица, а
беше наведен и како еден од проблемите на Лампард во соблекувалната, за што тој
мораше да демантира, па дури и го пофали својот поранешен тренер за одлично
завршената работа во клубот.