Руди Гарсија откако доби големи критики: Проблемот на Наполи не е тактички!

by
1 минути читање

Наполи синоќа на домашен терен загуби од Фиорентина, а по мечот тренерот Гарсија беше посочен како виновник.

Критичарите му замерија за замените кои ги направи, особено кога го повлече Осимен иако губеа со 2-1 во тој момент. 

Но, тој вели дека проблемот е во менталитетот на фудбалерите, а не во тактиката.

„Мислам дека проблемот не е тактички, туку психолошки. Мора да играме подобро да ги сопреме противничките напаѓачи пред тие да станат опасни. Мора да работиме на ова, да бидеме поагресивни, да бидеме попаметни со рани фаули високо на теренот, а не кога тие веќе ќе дојдат до нашиот гол“, вели Гарсија.

„Вообичаено имаме фудбалери кои се многу добро технички потковани, па изненадувачки е тоа што правиме многу грешки. Нашите движења не беа доволно флуидни и не бевме агресивни“.

„Додека не врземе три победи во серија, ќе продолжиме да имаме подеми и падови, јасно е дека тоа не е доволно за Наполи“.

Во немилост на Гарсија е нашиот Елиф Елмас кој добива многу мала минутажа, на вчерашниот меч не ни влезе во игра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×