Рондон не можеше да ги сопре солзите по хорор-повредата на неговиот противник, ќе го посети МекКарти во болница

by
2 минути читање

Евертон и ВБА одиграа
реми со резултат 1-1 во редовното коло од Премиерлигата, но исходот од мечот
остана во втор план по хорор повредата која ја доживеа фудбалерот на
домаќините, Џејмс МекКарти.

Шкотланѓанецот влезе
пожртвувано при една прилика на Саломон Рондон, а офанзивецот од Венецуела
сосема ненамерно при обид да бие кон противничкиот гол со сета сила го удри во
пределот на ногата по што МекКарти се здоби со скршеница.

Многу емоции настанаа по
оваа ситуација, Рондон не можеше да ги скрие емоциите и плачеше по тоа што му
се случи на противничкиот фудбалер, а го тешеше дури и тренерот на ВБА, Алан
Пердју.

Апсолутно уништен.
Ривалството се заборава во случај на таква несреќна повреда на колега од
терените. Навистина се надевам дека наскоро ќе те видам повторно на терените

му испрати порака Рондон на МекКарти на социјалните мрежи.

Медиуми на Островот
истовремено пренесуваат и дека Рондон планира да го посети во болница Шкотланѓанецот кој
сигурно го очекува долг период на рехабилитација и пауза на терените. 

Рондон, како што пренесува „Дејли Мирор“ веќе го известил потесното семејство на МекКарти, веднаш штом тој може, да го посети во болница.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани