Роналдо: Жал ми е што не можам да ветам уште 20 години од ова (ФОТО)

by
1 минути читање

По повод вчерашниот роденден, Роналдо со порака на инстаграм им се обрати на фановите.

„36 години, неверојатно! Чувството е како се да почна вчера, но ова патување веќе е полно со авантури и приказни за паметење. Мојата прва топка, мојот прв тим, мојот прв гол… времето лета“, вели Роналдо.

Од Мадеира до Лисабон, од Лисабон до Манчестер, од Манчестер до Мадрирд, од Мадрид до Торино, но пред се, од дното на моето срце до светот… давав се што можев, никогаш не сум се воздржувал и секогаш се обидував да ја дадам најдобрата верзија од мене. За возврат, вие ми ја дававте вашата љубов и почит, вашето присуство и вашата безрезервна поддршка. Ии поради тоа, никогаш нема да можам доволно да ви заблагодарам. Не можев сето ова да го направам без вас“.

„Го прославувам мојот 36. роденден и 20 години како професионален фудбалер. Жал ми е што не можам да ви ветам уште 20 години од ова. Но она што можам да ви го ветам е дека се додека играм, никогаш нема да добиете помалку од 100 проценти од мене!“.

„Ви благодарам уште еднаш за вашата поддршка и за вашите срдечни пораки во текот на денот. Ми значан многу и сите имаат посебно место во моето срце“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×