Кристијано Роналдо вечерва беше промовиран како нов играч на Ал Наср. Португалецот се појави пред медиумите и одговори на неколку прашања.
„Горд сум на чекорот кој го превзедов. Мојата работа во Европа е завршена. Играв во најголемите клубови ширум Европа, освоив се и сакам да и се заблагодарам на Саудиска Арабија за шансата која ми ја укажаа, шансата за нов предизвик“ – рече Кристијано Роналдо.
Се шпекулира дека тој во Саудиска Арабија ќе заработува околу 200 милиони евра годишно и ќе биде најплатениот спортист во светот.
„Јас сум уникатен фудбалер, затоа и договорот е таков“.
„Моето семејство е среќно со одлуката која ја донесов, ја имам нивната поддршка“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.