„Старата Дама“
останува без пораз, избраниците на Алегри попладнево беа во незавидна ситуација
во Бергамо, губеа со 2-1 и играа со играч помалку, но Кристијано Роналдо влезе
од клупата и донесе бод.
Јувентус добро го
започна мечот и поведе веќе во 2. минута со автоголот на Џимшити. Запата во 24.
минута одлично се ослободи од својот чувар и неодбранливо биеше за 1-1.
Бентанкур на
стартот од вториот дел заработи втор жолт картон и исклучување, а само три
минути подоцна, Запата погоди по втор пат за голема радост на Аталанта и
водство на домаќините од 2-1.
Кристијано
Роналдо потоа влезе во игра, и по еден корнер во 78.
минута, ЦР7 се најде на право место и реализираше со глава од пет метри за 2-2 . Во судиското надополнување за предност од 2-3 погоди Бонучи, но голот оправдано
беше поништен поради офсајд ситуација.
Во дуелот на
браќата Инзаги, Симоне беше поуспешен од Филипо откако Лацио со 0-2 триумфираше
на гостувањето кај Болоња. Каљари со 1-0 ја совлада Џенова, а со истиот
резултат Парма стигна до победа кај Фиорентина. Сампдорија со 2-0 го совлада
Киево.