Роналдо удри противник и поцрвене, па крена рака на судијата и малку фалеше да направи сериозен инцидент (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо одново е во фокусот поради своите испади на фудбалските терени,
Португалецот крираше нови сцени на синоќешниот натпревар помеѓу Ал Хилал и Ал
Наср во Суперкупот на Саудиска Арабија.

Фрустрациите на
напаѓачот почнаа во последните секунди од првиот дел, кога беше поништен гол на
Отавио за водство на Ал Наср од 0-1. Судиите сметаа дека Кристијано Роналдо од
офсајд позиција се обидел да игра со топката, па иако немало контакт, влијаел
на акцијата и поради тоа голот не е регуларен.

Случувањата
кулминираа во завршницата од мечот, кога Кристијано Роналдо непотребно влезе во
дуел крај аут линијата и при кошкањето со лакт го удри противникот, потег за
кој доби црвен картон.

Португалецот тешко
ја прифати одлуката, па замавна кон судијата и малку фалеше да направи сериозен
инцидент, за среќа се воздржа во последен миг.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани