Роналдо стар си за да правиш вакви работи, нови срамни испади на Португалецот во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во пресрет на продолжението
на првенството во Саудиска Арабија, Ал Хилал и Ал Наср одиграа пријателски
натпревар, моменталниот лидер на табелата славеше со 2-0.

Но по крајот на
пресметката сите зборуваат за новите срамни испади на Кристијано Роналдо, кој и
покрај сите освоени трофеи и индивидуални награди, и со 39 години тешко ги
поднесува провокациите и поразите.

Навивачите на Ал
Хилал му влегоа под кожа на Португалецот со голем транспарент со ликот на Меси
кој го бакнува трофејот од Светското првенство, како и со скандирање на презимето
на Аргентинецот.

На ова,
Кристијано Роналдо бесно им враќа: „Јас сум овде, не Меси“.

Регираше нервозно
и кога противничките фудбалери направија шпалир за да ги испратат играчите на
Ал Наср.

Најголемиот
скандал го направи при влезет во тунелот кон соблекувалните, кога навивачите на
Ал Хилал му фрлаа реквизити (шалови), го зема истиот, се избриша по гениталиите
и го фрли назад.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×