Роберто Мартинез го објави составот на Португалија за мундијалот во САД, Кристијано Роналдо го предводи тимот кој брои 27 имиња, што значи дека еден фудбалер ќе остане со скршено срце.
Португалија ги откри адутите за Светското првенство, на списокот на селекторот Роберто Мартинез немаше многу изненадувања.
Кристијано Роналдо, за кого ова ќе биде историско шесто СП, го предводи тимот кој на хартија има доволно квалитет за триумф во САД.
Ќе биде искористен и емотивниот аспект, односно желбата да се победи во чест на трагично починатиот Диого Жота, кој минатата година загина во сообраќајна несреќа.
„Тој е нашата сила, нашата радост. Во животот сите минуваме низ тешки периоди, а загубата на Диого Жота беше еден најболните моменти за сите нас. Но веднаш потоа решивме да продолжиме да се бориме во негова чест и да го следиме примерот што тој го оставаше секогаш кога го носеше националниот дрес. Неговиот карактер, борбеност и дух ќе останат засекогаш дел од нас и наша најголема инспирација“ – порача селекторот Роберто Мартинез на денешната средба со новинарите.
Сепак, еден фудбалер ќе остане со скршено срце откако на списокот се најдоа 27 имиња, а финалниот состав треба да има 26, веројатно ќе извиси еден од голманите, со оглед на тоа дека се четворица.
Составот на Португалија:
Голмани: Диого Коста (Порто), Жозе Са (Вулверхемптон), Руи Силва (Спортинг Лисабон), Рикардо Вељо (Генчлербирлиги);
Одбрана: Рубен Дијас (Манчестер Сити), Жоао Кансело (Барселона), Дијого Дало (Манчестер јунајтед), Нуно Мендеш (ПСЖ), Нелсон Семедо (Фенербахче), Матеуш Нуњес (Манчестер сити), Гонзало Инасио (Спортинг Лисабон), Ренато Веига (Виљареал), Томас Араухо (Бенфика);
Среден ред: Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед), Бернардо Силва (Манчестер сити), Витиња (ПСЖ), Жоао Невеш (ПСЖ), Рубен Невеш (Ал Хилал), Саму Коста (Мајорка);
Напад: Кристијано Роналдо (Ал Наср), Рафаел Леао (Милан), Жоао Феликс (Ал Наср), Гонзало Рамош (ПСЖ), Педро Нето (Челси), Франсиско Консеисао (Јувентус), Гонзало Гедеш (Реал Сосиедад), Франсиско Тринкао (Спортинг Лисабон).
ФОТО: X/Portugal