Меѓутоа, домаќините поведоа со 1-0 во 53. минута, од пенал и на тимот на Роналдо му се закануваше елиминација. Сепак, Португалецот се покажа во критичните мигови, попрецизно во 87. минута, кога реагираше одлично на нафрлување и со глава постигна гол за 1-1.
Овој резултат остана конечен, па Ал Наср го сочува второто место во групата, со 5 бода, Замалек остана трет со четири, последен е туниски Монастир, а прв со седум бода е Ал Шабаб, исто така од Саудиска Арабија. Во четвртфиналето, Роналдо и соиграчите ќе се соочат со Раџа Казабланка, од Мароко.
Ова беше втор гол за Роналдо во три меча во „арапската Лига на шампионите“ и вкупно 16-ти, во 22 меча за Ал Наср.
CRISTIANO RONALDO HEADER GOAL! pic.twitter.com/on1bzQsG4j
— TC (@totalcristiano) August 3, 2023