Роналдо со фотографии на социјалните мрежи одговори на гласините кои го поврзуваат со Спортинг (ФОТО)

by
8 минути читање

Се чини дека нема вистина во информацијата дека Роналдо е пред враќање во Спортинг Лисабон. Таа вест одекна гласно денеска, но брзо стигнаа и деманти.

Дел од медиумите напишаа дека Спортинг не е блиску до договор со Роналдо, а и самиот тој реагираше на социјалните мрежи со пост кој според многумина е знак на демант.

Роналдо објави неколку фотографии од тренинзите на Манчестер јунајтед и напиша дека работи и е фокусиран.

Тоа беше протолкувано дека Португалецот во моментов мисли само на Манчестер јунајтед и ќе остане на Олд Трафорд.

До крајот на преодниот рок има уште една недела.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани