Роналдо со два прекрасни гола ја потопи Шведска, во меч со шест погодоци Франција ја победи Хрватска (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо беше ѕвезда на вечерта на денешното издание од Лигата на нации, тој најпрво го постигна јубилејниот 100. гол за националниот тим, а после со уште еден прекрасен удар ги постави конечните 2-0 на гостувањето кај Шведска.

Интересно беше на мечот меѓу Франција и Хрватска кој го добија домаќините со 4-2. Ловрен донесе водство за Хрватите, Гризман изедначи на 1-1, а Ливаковиќ си постигна автогол за пресврт и предност на Франција од 2-1.

Брекало во второто полувреме го изедначи резултатот, но следуваа уште два гола на Французите, еден на Упамекано, а другиот на Жиру од пенал за конечни 4-2.

Англија одигра 0-0 на гостувањето кај Данска, а Белгија со 5-1 го совлада Исланд. Батшуаи дваде два гола, по еден Витсел, Мертенс и Доку.

Во Лига Ц, покрај мечевите од нашата група во кои ние одигравме 1-1 на гостувањето кај Грузија, а Ерменија со 2-0 ја победи Естонија. Азербејџан со 1-0 победи кај Кипар, а со истиот резултат Црна Гора многу среќно со пенал во 90. минута победи кај Луксембург кој доминираше во мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×