Роналдо со два гола против лутиот ривал Ал Итихад, ЦР7 е најдобар стрелец во светот во 2023! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо ја доби пресметката против Карим Бензема, Ал Наср со убедливи 2-5
славеше на гостувањето кај Ал Итихад.

Домаќините
поведоа преку Хамдалах, но само пет минути подоцна, Роналдо од пенал изедначи
на 1-1. Пред крајот на првиот дел се случи пресврт, Талиска реализираше за 1-2.

На стартот од
второто полувреме, Хамдалах донесе нов егал 2-2, но потоа Фабињо направи глупост, направи пенал и заработи втор жолт картон, па Роналдо од белата точка реализираше
за ново водство од 2-3.

За Португалецот
ова беше погодокот број 53 во 2023, па тој стана најдобар стрелец во светот
оваа календарска година.

До крајот на
натпреварот, Ал Наср ја искористи бројчаната предност, Мане со два гола ја потврди победата и ги постави конечните 2-5.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×