Роналдо сепак не бил тема на разговор, Мендеш и Лапорта дискутирале две други имиња

by
0 минути читање

Претседателот на „каталонците“ синоќа имаше средба со познатиот агент во Барселона, а АС објави дека се дискутирало за сензационален трансфер на Кристијано Роналдо на Камп Ноу.

Новинарот Жерард Ромеро сепак вели дека името на Португалецот не било тема на разговор.

Тој вели дека Жорж Мендеш и Жоан Лапорта разговарале за трансфер на Жил Кунде од Севиља, кој е топ трансфер цел за засилување на одбраната.

Жорж Мендеш исто така уште еднаш го понудил Рубен Невеш од Вулверхемптон, но Барселона останува на ставот дека во моментов Португалецот не се вклопува во нивните планови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×