Роналдо се предомислува по трансферите на Касемиро и Антони, забележани промени во однесувањето на ЦР7

by
1 минути читање

Со месеци се
пишува дека Кристијано Роналдо сака да замине од Манчестер јунајтед, Португалецот
сметал дека „ѓаволите“ немаат состав кадарен за високи дострели, плус сака да
игра во Лигата на шампиони.

Шпекулациите велеа деака Жорж
Мендеш го понудил Кристијано Роналдо на голем број клубови ширум Европа, но до
овој момент, нема клуб кој посериозно загриза.

Како што пренесува
Сан, раководството на Манчестер јунајтед се надева дека трансферите на Касемиро
и Антони ќе влијаат врз Кристијано Роналдо, односно напаѓачот ќе види дека
„ѓаволите“ имаат високи амбиции оваа сезона па ќе се предомисли и ќе остане на
Олд Трафорд.

Атлетик исто така
пишува дека во последните неколку дена има позитивни промени во однесувањето на
Кристијано Роналдо, па ова се толкува како сигнали дека Португалецот ќе ја
продолжи авантурата во дресот на „ѓаволите“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×