Вечерва ќе се емитува првиот од двата дела од големото интервју на Кристијано Роналдо, а во меѓувреме Пирс Морган вади делови од разговорот со Португалецот.
Во овој дел Роналдо зборува за сопствениците на клубот, вели дека на нив не им е гајле за Манчестер јунајтед.
„На сопствениците, на Глејзерс не им е гајле за клубот, мислам на професионалниот, спортскиот дел. Како што знаете Манчестер е маркетинг клуб, добиваат пари од маркетинг, за спортскиот дел тие не се грижат многу, според мене“, вели Роналдо.
„Никогаш не сум разговарал со Глејзерс, тие ја даваат целата моќ на извршниот и спортскиот директор“.
Пирс Морган потенцира дека голем дел од фановите на Манчестер јунајтед имаат негативно мислење за начинот на кој Глејзерс го водат клубот. Роналдо вели дека фановите секогаш се во право.
„Фановите секогаш се во право. Мислам дека фановите треба да ја знаат вистината. Треба да знаат дека фудбалерите посакуваат најдобро за клубот, јас сакам најдобро за клубот, затоа се вратив во Манчестер јунајтед, го сакам клубот, но имате некои работи внатре во клубот кои не му дозволуваат на Манчестер јунајтед да го достигне врвното ниво како Сити, Ливерпул, дури и Арсенал сега, што е комплицирано, тешко. Според мене, тешко е Манчестер јунајтед да биде меѓу најдобрите во наредните две-три години“.
“The Glazers, they don’t care about the club.”
Cristiano Ronaldo has sensationally blasted Manchester United’s American owners.@cristiano | @piersmorgan | @TalkTV | #90MinutesWithRonaldo pic.twitter.com/nNTyHgqvPy
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) November 14, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.