Португалија беше на работ на кикс против Ирска, но победија благодарение на гол на Рубен Невеш во судиското продолжение од натпреварот.
Кристијано Роналдо можеше во 75. минута да донесе водство за Португалија, но не реализираше пенал.
За негова среќа, Невеш даде гол во судиското продолжение и Португалија го доби мечот со 1-0.
Шпанија со голови на Пино и Ојарзабал ја победи Грузија со 2-0. Феран Торес промаши пенал.
Италија со 3-1 славеше на гостувањето кај Естонија. И на овој меч имаше промашен пенал, Ретеги утна.
Но во текот на мечот даде и гол, па се искупи за промашувањето, останатите двајца стрелци за Италија беа Кин и Еспозито.
Најубедлива вечерва беше Турција која со 6-1 ја уништи Бугарија и тоа на нејзин терен, во Софија.
Јилдиз даде два гола, еднаш погоди Ѓулер, тој имаше и две асистенции. Челик и Кавечи погодија по еднаш, а еден погодок беше автогол на Попов.