Јавниот обвинител во Торино ги „чешла“ сите финансиски активности на „Старата дама“ во последниве неколку години, со цел да потврди дека намерно ги „дувале“ сумите за трансфер на некои играчи, како и тајни договори за плати со играчи, со цел за нивна заедничка финансиска корист, настрана од официјалните книги.
Порталот „Калчомеркато“ споделува детали од интерни разговори меѓу раководните лица во Јувентус, како спомнуваат дека Роналдо е свесен за потпишување на дел од документите кои се спорни и поради кои Јувентус се товари.
„Втор маневар за платите. Кристијано потпиша. Тој има копија од документите“, напишал клупскиот секретар Паоло Морганти на 23 април 2021 во група на „Ватсап“, а потоа спортскиот директор Федерико Керубини одговорил: „Добро“.
Во истиот разговор, првиот човек во правниот сектор на Јувентус три дена претходно напишал: Првиот кој е подготвен да потпише е Кристијано. Исто така, на 11 септември, Морганти информирал: „Можно е сумата посочена да мора да биде истата од договорот и на рака на играчот“.
Кристијано Роналдо јавно се откажа од 19.548.333 евра од платата во сезоната 2020/21, но јавниот обвинител верува дека клубот тајно му ги исплатил тие пари. Сослушувањето се очекува да почне в понеделник.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.