114
Напаѓачот игра во
добра голгетерска форма во дресот на „Старата Дама“ и до сега собори еден куп
рекорди. ЦР7 и денеска беше на висина на задачата и ја затресе мрежата на
Сампдорија по само 110 секунди.
Кристијано
Роналдо доби една долга топка на работ од шеснаесетникот, сам си направи
простор и биеше прецизно во долниот агол за својот 13. погодок оваа сезона.
Со овој гол, тој
собори рекорд стар 30 години, стана Португалецот со најмногу погодоци во една
сезона во Серија А, и го подобри постигнувањето на Руи Барош, кој во 1988/89
постигал 12 погодока во дресот на Јувентус.
Ова веројатно
беше најлесниот рекорд за Кристијано Роналдо, кој сигурно ќе продолжи да
поставува нови граници.