Кристијано
Роналдо вечерва испиша историја откако стана првиот фудбалер со 200 натпревари
во националниот дрес, па за натпреварот против Исланд целосно да помине во
негов знак, ЦР7 на Португалија и донесе победа од 0-1.
Во финишот од
мечот, Инасио со глава спушти топка а Кристијано Роналдо одлично се снајде и ја
затресе мрежата. Помошник го крена знаменцето за офсајд, но ВАР го потврди
славјето на напаѓачот.
Вечерва во
квалификациите за ЕВРО 2024 имаше неколку изненадувања.
Молдавија губеше
со 0-2 против фаворизираната Полска во првото полувреме, но успеа да направи чудесен пресврт и
на крајот да слави со 3-2.
Луксембург со 0-2
славеше на гостувањето кај Босна и Херцеговина, а Бугарија секунди ја делеа од
победа над Србија, Лазовиќ во 97. минута спаси бод за гостите.
Белгија со 0-3
славеше против Естонија, Алабанија со 1-3 трумфираше над Фарски Острови,
Словачка со минимални 0-1 го совлада Лихтенштајн, а Австрија, Норешка и Унгарија
беа сигурни на домашен терен против Шведска, односно Кипар и Летонија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.