Кристијано Роналдо емотивно ја доживеа првата шампионска титула со Ал Наср во Саудиска Арабија, откако неговиот тим во драматичен финиш на сезоната славеше против Дамак со 4-1 и го обезбеди трофејот.
Португалецот не можеше да ги сокрие солзите по крајот на натпреварот, а атмосферата на „Ал-Авал Парк“ дополнително се вжешти кога тој застана пред навивачите и ја предводеше прославата со тапани. За Ал Наср ова е 11-та шампионска титула во историјата.
Избраниците на Жорже Жесус во последното коло влегоа под голем притисок, знаејќи дека мора да победат за да останат пред Ал Хилал, кој сезонава немаше ниту еден пораз.
Cristiano Ronaldo in tears of joy.
— TC (@totalcristiano) May 21, 2026
What a moment. ❤️ pic.twitter.com/ftEJFvLYPr
Ал Наср уште во првото полувреме дојде предност преку Садио Мане и Кингсли Коман. Гостите преку Сила од пенал накратко внесе неизвесност, но Роналдо со два погодоци стави точка на дилемите и ја завери титулата.
По замената беше поздравен со стоечки овации, а камерите го уловија како расплакан седи на клупата. За Роналдо ова е и голем личен успех, ако се знае дека претходно двапати завршуваше како вицешампион и еднаш на третото место откако пристигна во Саудиска Арабија во 2023 година.
По последниот судиски свиреж следуваше вистинска ерупција од емоции, а токму Роналдо беше во центарот на славјето заедно со најверните навивачи на Ал Наср.