Роналдо со своите импресивни настапи во дресот на Манчестер јунајтед кога првпат беше дел од овој англиски клуб, остави голема трага кај фановите. Но, неговиот втор престој на Олд Трафорд заврши неславно, особено проблематична беше разделбата.
Португалецот сега го испофали големиот градски ривал на Јунајтед, Манчестер Сити.
„Манчестер Сити беа неверојатни. Им честитам на нивната ланска сезона. Фудбалери, тренер, сите беа супер“, вели Роналдо.
„Конечно ја освоија Лигата на шампионите, веројатно тоа го засилужија уште пред две години. Уживам да ги гледам како играат“.
„Манчестер Сити има добри шанси повторно да ја освои Лигата на шампионите“.
„Кои се мои фаворити? Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн…“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.