73
Роналдо се уште не се приклучил на подготовките на Манчестер јунајтед, официјалниот изговор е дека тоа е поради семејни причини, но јасно дека португалскиот фудбалер сака да си замине.
Тен Хаг денеска одговараше и на прашање поврзано со Роналдо, тој вели дека Португалецот не само што ќе остане во новата сезона, туку може да остане и после таа.
„Кристијано Роналдо не е на продажба. Тој е во моите планови и чекам да почнам да работам со него. Ситуацијата е иста. Добро сум информиран, тој исто така има и опција за уште една сезона“, вели Тен Хаг.
„Дали Роналдо би можел да остане и по новава сезона? Да“.