Напаѓачот во 1996
пристигна во Барса, веднаш импресионираше со своите потези и сезоната ја заврши
со 47 погодоци на 49 средби во сите натпреварувања.
Но неговата
авантура во Каталонија траеше кратко, Роналдо на Камп Ноу се задржа само 12
месеци, и во 1997 направи трансфер во Интер.
Во разговор со
ЕСПН, популарниот „Феномен“ сега објасни зошто заминал од Барселона.
„Искуството беше
прекрасно, но неможев да продолжам. Не заминав по моја вина” – вели Роналдо.
„Постигнав
согласност да го обновам договорот на само еден месец пред крајот на сезоната.
Но една недела подоцна, адвокатот и претседателот на Барселона си го повлекоа
зборот и рекоа дека договорот бил апсурден”.
„Ми соопштија
дека се спремни да прифатат понуда доколку некој клуб ја плати откупната
клаузула вредна 29 милиони долари”.
„Барселона, дури
и во денешно време, знае да прави матни зделки. Земете го трансферот на
Нејмар, мислам дека се уште не е јасно што точно се има случено“.
„Некој скапо ќе
плати за тоа“.